ЗА ЗАЕВ УПОТРЕБАТА НА С. МАКЕДОНИЈА Е ПОНИЖУВАЊЕ КОН ДРЖАВАТА Треба сите да велиме Северна Македонија
Граѓаните, вели Заев, знаат дека сите треба пред сè принципиелно уставно и законски да се однесуваме и останува на сите поединци, пред сè на политички субјекти што се лош пример за ова, да го променат тоа во иднина затоа што тоа е нашата реалност, вели премиерот.
Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање за се позачестената употреба од страна на политичарите на кратенката за името на државата „Република С. Македонија“, вели да се користи уставното име Република Северна Македонија.
– Нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С Македонија и тоа е прво понижување кон државата и Уставот на државата. Секако и Преспанскиот договор што прерасна со Закон со ратификација во Собранието, но кај нас тоа е преточено во Устав. Да не го почитувате Уставот на државата и името на својата земја, јас можам да разберам дека некој не се согласува со ваквиот процес и слично, но сите се согласуваме со демократијата. И демократијата вели тоа е новиот Устав што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и во ЕУ и државата кон уставното име на државата, кажува за секој поединец каков е всушност – рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.
Граѓаните, вели Заев, знаат дека сите треба пред сè принципиелно уставно и законски да се однесуваме и останува на сите поединци, пред сè на политички субјекти што се лош пример за ова, да го променат тоа во иднина затоа што тоа е нашата реалност, тоа е нешто што беше бреме, што надвисуваше 27-28 години над нашата земја, ги колеше пред сè идните перспективи на сите наши граѓани, пред сè на младите, на идните генерации, но исто така ги кочеше и нашите интеграции во НАТО и во ЕУ.
– Уште еднаш користејќи го ова прашање апелирам на почитување на Уставот и законите во државата, а секако тоа е обврска на политичките субјекти за пример тоа да го следат за да може понатаму и граѓаните исто така да прават следење на тоа што значи Устав и законите во државата – рече премиерот.
Заев информира дека во рамки на Бледскиот форум разговарал со бугарскиот претседател Румен Радев, при што тој изразил надеж дека политичките субјекти ќе успеат да формираат Влада, која е важна за носење одлуки.
– Декември е крајот на претседавањето на секоја земја, тогаш се одржуваат и состаноците. Таквите седници се на Општиот совет или Советот на министри и Советот на ЕУ и јас верувам дека можеме да се надеваме до крајот на оваа 2021 година, т.е. до крајот на декември да се донесе позитивна одлука секако во зависност од позитивниот развој на настаните пред сè во Бугарија. Ние ќе останеме комплетно позитивни, целосно посветени. Секоја можна средба, верувам дека овој период може да се случат средби ќе ја искористиме за афирмација – истакна Заев.