ЗА ЗАДУШНИЦА ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Апел до граѓаните да ги почитуваат инструкциите
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе кон градските гробишта Бутел и во околината на гробишта „Камник“ и во Ѓорче Петров.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, 9.3.2024 (сабота), поради верскиот празник Задушница, ќе бидат воведен посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Имено, со почеток од 6 часот, сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по улицата Бутелска, лево по улицата Александар Урдаревски, лево по улицата Боца Иванова и десно до влезот на гробишта „Бутел“, а за излез од гробишта десно по улицата Боца Иванова до кружниот тек на улицата Бутелска, па лево по улицата Бутелска и десно по улицата Кемал Сејфула.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта „Камник“ и во Ѓорче Петров.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.