ЗА ЗАДУШНИЦА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ Која ќе биде маршрутата до Градските гробишта Бутел?

Од 06.00 часот утре (21 јуни 2024) и задутре (22 јуни 2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по улица Бутелска, лево по улица Александар Урдаревски, лево по улица Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по улица Боца Иванова, до кружниот тек на улица Бутелска, па лево по улица Бутелска и десно по улица Кемал Сејфула.

230

На 21 јуни 2024 година и 22 јуни 2024 година (петок и сабота), по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи

Од 06.00 часот утре (21 јуни 2024) и задутре (22 јуни 2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улица Бутелска, лево по улица Александар Урдаревски, лево по улица Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по улица Боца Иванова, до кружниот тек на улица Бутелска, па лево по улица Бутелска и десно по улица Кемал Сејфула.






Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробиштата Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Поврзани содржини