ЗА ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите

542

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите што ги поднесоа за изборните резултати во вториот круг, потврдија вечерва од ДИК .

СДСМ имаше поднесено седум приговори кои се однесуваа на две избирачки места во Шуто Оризари, едно избирачко место во Конче, три избирачки места во Кочани и едно избирачко место во Чешиново-Облешево, а ВМРО-ДПМНЕ имаше еден приговор за избирачко место во Пробиштип.






Според најавите, утре се очекува ДИК да одлучува по останатите 15 приговори поднесени од ДУИ, ТМРО и Група избирачи Енвер Пајазити.

ДУИ има поднесено пет приговори од кои три се за избирачки места во Студеничани и два за избирачки места во Желино. Политичката партија ТМРО има поднесено седум приговори, сите за општина Старо Нагоричане, а приговорите на групата избирачи Енвер Пајази се однесуваат на три избирачки места во Брвеница.

Поврзани содржини