За време на пандемијата се зголемија естетските зафати на лицето

250

За време на пандемијата на коронавирусот во светот се зголеми популарноста на естетската хирургија на лицето поради фактот дека луѓето кои се опоравуваат од последиците од овие операции се заштитени од љубопитните погледи, бидејќи носат маски или работат од дома.

Додека многу компании во светот се принудени да затворат поради пандемијата, клиниките за естетска хирургија продолжуваат да работат, со превентивни мерки, како што се тестирање на коронавирус и построги стандарди за хигиена.






Како што наведува Би-Би-Си, клиниките во САД, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија имаат зголемување на бројот на пациенти, кои се изложуваат на естетска операција на носот, ботоксирање и затегнување на лицето, како и пополнување на усните.

Естетски хирург од Тексас посочува дека сега има многу повеќе пациенти, кои работат од дома во голем број, и не треба да го земат предвид потребното време за закрепнување дома при планирање на операцијата.

– Тие, всушност, можат да заздравуваат дома по операција на носот или затегнување на лицето, а кога излегуваат можат да носат маска – вели хирургот.

Во Јапонија официјално немаше изолација, но вонредната состојба беше на сила до 31 мај, па од населението беше побарано да остане дома, но сепак се зголеми бројот на пациенти заинтересирани за естетски интервенции.

Поради тоа, јапонското здружение за естетска медицина издаде предупредување дека естетските зафати не се неопходни во голем број случаи и апелираше до заинтересираните да не одат на операција за време на пандемијата со цел да се спречи ширењето на инфекцијата, пренесува Би-Би-Си.

Поврзани содржини