За време на пандемијата на ковид-19 во океаните завршија 1,56 милијарди заштитни маски (ВИДЕО)
Отпадот предизвикува штета на океаните и животните, а пример е мртов пингвин пронајден на плажа. Во стомакот имаше маска.
Во текот на 2020 година се произведени околу 50 милијарди парчиња заштитни маски за лице, а се проценува дека 1,56 милијарди парчиња завршиле во океаните, покажуваат податоците на групата „OceansAsia“.
Извештајот дава застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата, а со оглед на количината на маски што завршија во нив, тоа е голем проблем. Проценето е дека се потребни дури 450 години за да се распадне пластична маска. Исто така, во извештајот се наведува дека околу 3 проценти од произведените 52 милијарди маски ќе завршат во нашите води. Овие се загрижувачки бројки бидејќи пластичниот отпад убива околу 100.000 морски цицачи и желки, повеќе од милион морски птици и многу повеќе риби, безрбетници и други морски суштества годишно.
Пластичниот отпад влијае не само на морскиот живот, туку и на крајбрежните заедници, риболовот и економијата. Имено, количината на отпад драстично се зголеми во текот на минатата година поради пандемијата на коронарниот вирус, со оглед на обврската за користење заштитни маски и ракавици, а тоа ќе има негативно влијание врз природата, пренесува „CDM“.
– Маските за еднократна употреба се направени од различни видови пластика и тешко се рециклираат поради нивниот состав, ризик од контаминација и инфекција. Овие маски завршуваат во океаните кога ќе бидат отфрлени и кога системот за управување со отпад не е адекватен, кога е преоптоварен и дали воопшто постои – се наведува во извештајот.
Отпадот предизвикува штета на океаните и животните, а пример е мртов пингвин пронајден на плажа. Во стомакот имаше маска.
Авторите на извештајот наведуваат дека постојат решенија што ќе го минимизираат влијанието на пластичниот отпад. Меѓу нив се вклучуваат маски за повеќекратна употреба направени од материјали што можат да се рециклираат. Во секој случај, потребно е да се фрлаат маски и ракавици на соодветен начин. Исто така е важно да се избегне пластично пакување и да се изберат еколошки алтернативи.