За воените злосторници

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

773

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 22.07.1998 година)

Од по­о­дам­на ми се врта­т во гла­ва­та не­как­ви ана­ло­ги­и во врска со Крле­жи­ни­от Ле­о­не од „Гос­по­да­та Глем­ба­е­ви” и на­ши­те вла­де­јач­ки гос­по­да Глем­ба­е­ви: на Ле­о­не, од ед­на стра­на, му се га­ди од не­го­во­то се­меј­ство (збо­га­те­но пре­ку кри­ми­нал), но, од дру­га стра­на, во ни­е­ден мо­мен­т не му па­ѓа на па­мет да прес­та­не да жи­ве­е „на го­ле­ма но­га” на смет­ка на то­а ис­то злос­тор­нич­ко се­меј­ство.






На­ши­те „држа­вот­вор­ни” гос­по­да Глем­ба­е­ви не се оби­ду­ва­ат ду­ри ни да ли­ча­т на Ле­о­не: ним не са­мо што не им се га­ди од на­чи­нот на кој нив­но­то „се­меј­ство” дој­де и ре­чи­си 50 го­ди­ни се од­ржу­ва­ше на власт, ту­ку, нап­ро­тив, се гор­де­а­т што се ди­рек­тен под­ни­к од Се­меј­ство­то! Са­мо та­ка мо­же да се разбе­ре про­чу­е­на­та из­ја­ва на нив­ни­от шеф де­ка би­ле „држа­вот­вор­на пар­ти­ја”.

Во ме­ѓув­ре­ме, за да не се се­та­т Вла­си­те де­ка во „мат­на и крва­ва” Ма­ке­до­ни­ја сѐ си ос­та­ну­ва по ста­ро, ов­деш­ни­те гос­по­да Глем­ба­е­ви фа­ти­ја да си иг­ра­ат не зна­м “пост­ко­му­ни­зам” ли, прав­на држа­ва ли, та де ја “при­ва­ти­зи­ра­ат” оп­штес­тве­на­та соп­стве­нос­т (ста­вај­ќи си ја во соп­стве­ни­от џеб ка­ко да им е тат­ко­ви­на или де­до­ви­на), де ис­пра­ва­ат ис­то­рис­ки неп­рав­ди, до­не­су­вај­ќи (под не­ви­ден и нес­кри­ен при­тоск на ММ­Ф и Свет­ска­та бан­ка, пред сѐ) ед­на ка­ри­ка­ту­ра од за­кон за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја. Со по­след­ни­ов, на­вод­но, има­ле за цел да го уре­да­т на­чи­нот, ус­ло­ви­те и по­ста­пката за вра­ќа­ње во соп­стве­нос­т на имот “од­зе­мен во ко­рис­т на држа­ва­та” (ва­ка еу­ф­е­мис­тич­ки ја на­ре­ку­ва­ат се­ри­ја­та по­во­е­ни гра­бе­жи на сѐ што им пад­на под ра­ка).

То­а што ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца го при­фа­ќа овој “за­кон” во­оп­што не ме чу­ди: та не­ли то­а ис­то друш­тво (од сво­и при­чи­ни, по­ра­ди сво­и ин­те­ре­си) и ја приз­на бе­зоч­на­та из­бор­на краж­ба од 1994 го­ди­на. А, не ме чу­ди мно­гу ни фак­тот де­ка нас­лед­ни­ци­те на ог­ра­бе­ни­те соп­стве­ни­ци се од­не­су­ва­ат спре­ма то­а чу­до од ре­гу­ла­ти­ва ка­ко спре­ма за­кон што има за цел неш­то по­ве­ќе одош­то да им фр­ли прав во очи на крат­ко­ви­ди­те странци: ако не­кој ве­ќе се по­ми­рил со суд­би­на­та де­ка не­ма ис­пра­ва­ње на ста­ри­те ква­зи-ко­му­нис­тич­ки неп­рав­ди, се­га, ко­га „ши­ро­ког­ра­ди­те” СД­СМ-ов­ски гос­по­да Глем­ба­е­ви ре­ши­ја да вра­та­т по не­ко­ја рон­ка, ис­ти­от тој не­кој ве­ро­јат­но си ве­ли: „Дај што да­ваш!”. И рон­ка е по­ве­ќе од ниш­то!

На оној што уме­е да гле­да, да слу­ша (и, евен­ту­ал­но, да чи­та), во­оп­што не му е теш­ко да ја сог­ле­да ша­ре­на­та ла­га прес­то­ре­на во ру­во на за­кон. Да не бе­ше та­ка, вла­де­јач­ки­те ју­но­ши ќе по­ста­пе­а ка­ко влас­та во си­те пост­ко­му­нис­тич­ки држа­ви и првин ќе до­не­се­а ре­гу­ла­ти­ва со ко­ја се по­ниш­ту­ва­ат ис­то­рис­ки­те за­ко­ни на вла­де­јач­ка­та „ра­бот­нич­ка кла­са” (со ко­и неп­рав­ди­те бе­а пра­ве­ни). Ка­ко во Чеш­ка, Пол­ска, Ун­га­ри­ја и дру­га­де, по­ниш­ту­ва­ње­то на раз­бој­нич­ки­те за­ко­ни од вре­ме­то на “дикта­ту­ра­та на про­ле­та­ри­ја­тот” ќе зна­че­ше де­ка се­ко­е од­зе­ма­ње имот врз ос­но­ва на ти­е „за­ко­ни” е, всушност, гра­беж без вис­тин­ска прав­на ос­но­ва.

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини