ЗА ВОДИЦИ ЈСП ЌЕ ВОЗИ ПО НЕДЕЛЕН РАСПОРЕД Жичницата нема да работи на празникот

606

Во понеделник (19.01.2026 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

На Водици од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи.






Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.

Поврзани содржини