ЗА ВЛАСТ И ЗА ПАРИ ПРАВАТ СÈ Во коалиција со СДСМ се Тачи и Љубе
Ако на СДСМ им пречи црната листа на САД дали тоа значи дека Љубе Бошкоски и Мендух Тачи кои се на црната листа на САД ќе ги исфрлат од коалицијата со која ја делат власта, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на како што велат „двојните аршини“ на СДСМ, кога е во прашање црната листа објавена од американскиот Стејт департмент, на која се додадени имињата на Никола Груевски и на Сашо Мијалков.
„СДСМ треба да бидат покреативни. Имаат двојни аршини. Ако на СДСМ им пречи црната листа на САД дали тоа значи дека Љубе Бошкоски и Мендух Тачи кои се на црната листа на САД ќе ги исфрлат од коалицијата со која ја делат власта. СДСМ за власт и пари прават се, па дури и коалицираат со политичари кои се на црна листа на САД. Власта на СДСМ прави и бизнис со фирми кои се на црна листа на САД, и кои се анти-НАТО“, велат од ВРМО-ДПМНЕ.