🎥 ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА ВО ЗАГРЕБ До темел изгоре детска градинка, децата се спасени

Причината за пожарот ќе биде позната по увидот.

320

Пожар избувнал денеска во детска градинка на улица Сплитска во Загреб, Хрватска. Пожарот настанал десетина минути откако негувателката го предала на родителите и последното дете кое било внатре во установата.

Просторот кој го зафатил пожарот изгорел во целост. На фотографиите може да се видат остатоци од мебел и играчки.






– Гореше една просторија од 60 квадрати, целосно изгоре заедно со мебелот, детските играчки. Спречивме понатамошно ширење на пожарот на покривот. Интервенцијата е при крај. Никој не беше загрозен, кога пристигнавме, сите веќе беа надвор и почнавме со гаснење – изјави Дамир Рештигорац од Јавната противпожарна служба на Градот Загреб за ХРТ.

Негувателката за Индекс изјави дека пожарот не бил предизвикан од клима-уредите како што објавија некои портали.

– Тоа е лага бидејќи тие клими не се ни вклучени во струја. Пожарот започна од струјата, од инсталацијата. Тоа е причината и проблемот, бидејќи градинката беше обновена по вашата приказна – но не беше обновено осн основното – старите и опасни инсталции – изјави таа.

Причината за пожарот ќе биде позната по увидот.

Поврзани содржини