📽️ ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА НА МАТКА Карпа се урна додека имало посетители, нема повредени

Карпата се урнала додека посетители се наоѓале на неколку метри од местото.

392

Одрон на карпа на пешачка патека во Кањон Матка за малку ќе завршеше со трагедија, откако огромна карпа се урна додека во непосредна близина имало посетители.

Инцидентот се случил на 7 јануари годинава, а според видеоснимки до кои дојде КУРИР, јасно се гледа моментот кога карпата паѓа, само неколку секунди откако посетителите се тргнале од местото.






Речиси за влакно беше избегната несреќа, бидејќи луѓето кои се наоѓале на патеката непосредно пред одронот се оддалечиле на два до три метри и продолжиле да го фотографираат кањонот, несвесни за опасноста што следела.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но настанот повторно го отвора прашањето за безбедноста на пешачките патеки во Кањон Матка, особено во зимскиот период кога зголемена е можноста за одрони.

Засега нема официјална информација дали надлежните служби извршиле увид на терен и дали ќе следуваат дополнителни мерки за заштита на посетителите.

Поврзани содржини