ЗА ВИКЕНД МАГЛА, ПА СОНЦЕ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Северен ветер ќе донесе кусо заладување

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

319

Утре претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.






Во Берово утринската температура ќе биде под нулата. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 23 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје утре претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини.

Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.

Фото: УХМР
Поврзани содржини