ЗА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА БЕСПЛАТНА!? Противуставна одлука на Советот на Струмица

Со ваквото постапување ставени се во повластена положба верските субјекти во однос на останатите подносители на барања за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти – констатира Државниот завод за ревизија.

117

Советот на Општина Струмица донел одлуки со кои Македонската правосвлавна црква-Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) Струмица и Исламската верска заедица (ИВЗ) ги ослободил од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправни објекти (цркви и џамии) што не е во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој предвидува за кои бесправни објекти од значење за републиката не се пресметува и не се плаќа надоместок, утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Извештајот за финансиското работење на општината за 2022 година, објевен денеска.

Со ваквото постапување од страна на Советот на општината, ставени се во повластена положба верските субјекти во однос на останатите подносители на барања за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти што не е во согласност со Уставот каде е пропишано дека верските заедници се одвоени од државата и се еднакви пред законот, забележува ДЗР.






ДЗР уште забележува дека Општина Струмица нетранспарентно доделувала пари во областа на спортот, културата, поддршката на здруженија на граѓани и фондации и на локалниот економски развој.

аводот констатирал и слабости во начинот на комуникација со јавноста и претставување на активностите на општината и слабости во начинот на ангажирање на лица преку приватни агенции за вработување.

Поврзани содржини