За Велигден сончево, од вторник заладување со дожд и снег на планините

До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура.

385

Времето денеска сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник кон крајот на денот ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Значителна промена на времето се очекува во вторник, која ќе биде проследена со заладување, повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, прогнозираат од УХМР.

 

 

Поврзани содржини