ЗА ВЕЧЕРВА ТАРАВАРИ ЗАКАЖА ВОНРЕДЕН КОНГРЕС НА АЛИЈАНСА Крилото на Села ќе одржи конгрес в недела
Од градскиот плоштад во Гостивар, актуелниот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вчера ја објави кандидатурата за претседател на државата. Таа, како што кажа, е на предлог на Претседателството на партијата и со поддршка од опозициските партии на Албанците, здружени во коалицијата „Европски сојуз за промени“.
Приврзаниците на Арбен Таравари во Алијанса за Албанците за вечерва во 19 часот во хотелот „Александар палас“ закажале вонреден конгрес на партијата. Информацијата на социјалната мрежа Фејсбук ја објави Халил Снопче, пратеникот од Алијанса за Албанците, кој изминатиот период му дава поддршка на Таравари.
„Врз основа на член 31, точка 1, од Статутот на Алијансата за Албанците, претседателот на партијата д-р Арбен Таравари повика на вонреден конгрес за в петок, 16 февруари 2024. Промената започна!“, напиша тој на Фејсбук.
Министерот за правда, Кренар Лога, пак, кој пак застана зад крилото на Зијадин Села, претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците на својот Фејбук профил објави дека конгресот на Алијанса за Албанците е закажан да се одржи во недела во 13 часот во Националната опера и балет во Скопје, како и дека, како што соопшти, секоја друга информација се смета за шпекулација.
„Во недела се одржува 4. конгрес на Алијанса за Албанците. Нема промена на датум и локација. Добредојдовте во нашиот дом! Секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и обид за измама и дефокусирање на членството“, напиша тој.