ЗА УШТЕ ПОБРЗ ИНТЕРНЕТ Британска компанија лансираше 36 сателити од Бајконур (ВИДЕО)

„One Web“ лансираше сателити во орбитата како дел од своите деловни активности за да обезбеди глобален пристап до брз интернет, пренесува Ројтерс.

551

Британската технолошка компанија „One Web“ лансираше 36 комуникациски сателити во вселената од космодромот Бајконур во Казахстан, со ТВ пренос во живо.

„One Web“ лансираше сателити во орбитата како дел од своите деловни активности за да обезбеди глобален пристап до брз интернет, пренесува Ројтерс.






– Денешното лансирање е последно во серијата од осум што „One Web“ ги планира за 2021 година со партнерите од француската компанија „Arian Espas“ – објави компанијата на својата веб-страница.

Француската глобална компанија за лансирање „Arian Espas“, британската „One Web“ и руската вселенска агенција „Роскосмос“ заеднички го емитуваа лансирањето.

Претходно оваа година, „One Web“ објави дека лансирањето сателити од рускиот Далечен Исток ќе овозможи интернет конекции да се нудат насекаде северно од 50-тиот степен географска ширина, наведувајќи дека сигналот ќе ги покрие Обединетото Кралство, Алјаска, Северна Европа, Гренланд, Исланд, континенталниот дел на САД, Арктичкото Море и Канада.

Новинската агенција Интерфакс објави дека сателитите, лансирани со ракетата Сојуз-2.1б, ќе бидат раздвоени во фази.

Поврзани содржини