ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ЌЕ ТРЕБААТ УШТЕ ПАРИ ОД ВЛАДАТА Арсовска вели дека изведувачот направил непредвидени трошоци

Се работи за проект кој што го отпочнал мојот претходник, односно нивниот член, кој што во својот мандат веќе ги детектирал дека ги има овие недоследности и ја стопирал, односно времено престанал со активностите кои што требало да се преземаат за да овој момент ние бидеме во повисок степен на реконструкција тука на овој објект, посочи Арсовска.

1,816

Сумата од 1,9 милиони евра кои Владата досега ги обезбеди за реконструцијата на Универзалната сала во Скопје нема да бидат доволни бидејќи изведувачот на работите направил непредвидени трошоци. Ова го изјави градоначалничката Данела Арсовска според која градот нема вина во тоа што претходно се случувало, ниту се јавува како финансиер на проектот.

– Се работи за проект кој што го отпочнал мојот претходник, односно нивниот член, кој што во својот мандат веќе ги детектирал дека ги има овие недоследности и ја стопирал, односно времено престанал со активностите кои што требало да се преземаат за да овој момент ние бидеме во повисок степен на реконструкција тука на овој објект – посочи Арсовска.






фото: јутјуб/тв21/принтскрин

Реконструкцијата на Универзална сала започна лани во септември со изведба на работите во надворешниот делна објектот, а потоа како што беше најавено ќе се започне и со внатрешниот дел. Но, по доаѓањето на функција Арсовска се скара со архитектите и проектантите и рече дека проектот  не е безбеден по што работите беа прекинати.

Поврзани содржини