ЗА УКРАИНЦИТЕ ГРАНАТИРАЊЕ И ЗА БОЖИК? Москва не размислува за примирје

Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред - изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,  како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.

124

Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва.

– Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,  како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.

Поврзани содржини