ЗА УКРАИНА ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ЌЕ РЕШАВААТ ВО ШВАЈЦАРИЈА Ќе ги прифати ли НАТО осумте руски барања?

Но сепак, Русија го прифати предлогот да преговара со Западот на неутрална територија каква што е Швајцарија, земја историски позната по таквите геополитички вкрстувања. Идејата за разговор беше на НАТО, а Русија ја прифати пренесе ТАСС, повикувајќи се на висок претставник на Министерството за надворешни работи, кој сакал да остане анонимен.

2,014

Список од осум барања кои Русија му ги постави на НАТО во однос на ситуацијата со Украина ќе бидат разгледувани на 12 јануари догодина во Женева во Швајцарија каде најголемите сили ќе седнат и како некогаш на Јалта, ќе ги прекројуваат можните сценарија за иднината на светот. Во време кога нервите попуштаат и од двете страни за вистинска, се чини дека ова може да биде дипломатска војна налик на ракетната криза во 1962 година кога планетат беше на работ на нуклеарна војна.

Ќе ги прифати ли НАТО руските барања? Досега е познато дека одбиено е руското вето Украина да се прошири во НАТО и дека не постои можност за отстранување на американското нуклеарно оружје од Европа и повлекувањето на мултинационалните сили од Полска, Естонија, Латвија и Литванија.






Но сепак, Русија го прифати предлогот да преговара со Западот на неутрална територија каква што е Швајцарија, земја историски позната по таквите геополитички вкрстувања. Идејата за разговор беше на НАТО, а Русија ја прифати пренесе ТАСС, повикувајќи се на висок претставник на Министерството за надворешни работи, кој сакал да остане анонимен.

– Немаме каде да се повлечеме. НАТО може да распореди проектили во Украина кои можат да ја погодат Москва за пет минути. Нè доведоа до линија која не смееме да ја преминеме и мораме многу да им кажеме – неодамна изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Поврзани содржини