ЗА ТУНЕЛОТ ВО „ИДРИЗОВО“ СЕ ЗНАЕЛО УШТЕ ВО ФЕВРУАРИ? Тендерската постапка за рушење на старите објекти траела половина месец

На просторот каде што постоело сомневање дека се наоѓа почетната точка на тунелот, имало стари објекти кои требало да се урнат, па директорот на затворот Шпенд Таири распишал тендер за нивно уривање.

310

Пријавата за постоењето тунел во дворот на КПД „Идризово“ дошла на 17 февруари, дознава Апсат.

На просторот каде што постоело сомневање дека се наоѓа почетната точка на тунелот, имало стари објекти кои требало да се урнат, па директорот на затворот Шпенд Таири распишал тендер за нивно уривање.






Претходно, Таири бил во контакт со Управата за извршување санкции, полицијата и разузнавачките служби за оперативно да ја потврдат локацијата на тунелот.

Тендерската постапка, како што објави телевизијата, траела од 1 до 16 март годинава. На 17 март била договорена фирмата што ќе ги изведува работите, а на 21 март тунелот веќе беше откриен.

Откривање на тунелот во затворот Идризово

17.02.2023 Пријава за можен тунел
01.03.2023-16.03.2023 Тендер за уривање на стари објекти
17.03.2023 Склучен договор со компанија
21.03.2023 Утврдено постоење на тунелот во затворскиот двор

Тунелот бил долг 47 метри, длабок 1 метар и дијаметар од 80 сантиметри, обложен со керамички тули. Покрај тунелот е пронајден електричен кабел. На почетокот на тунелот, пронајден е продолжен кабел.

Директорот на затворот Таири ги надгледувал работите до крајот на работното време до денот кога Владата одлучи да го разреши од функцијата.

Алтернатива, партијата на кој ѝ припаѓа Таири реагираше на ставот на премиерот Димитар Ковачавски и смета дека директорот на затворот бил всушност главниот херој на откривањето на тунелот.

Според полицијата, лицата кои се осомничени дека го копале преминот се осудени за тешки кривични дела од 10 години до доживотен затвор.

Поврзани содржини
na