📷 ЗА ТРОЈЦА СЕ БАРА ПРИТВОР, НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ДАЛИ ТИЕ ГО ЗАПАЛИЈА ВАРДАРИШТЕ Создале ридови отпад, а полицијата и обвинителите им влегоа дури по опасниот пожар

Осомничените, подолг временски период, сè до 2.9.2025 година, на улицата Зендел Џемаил бб во Скопје, создале депонија спротивно на прописите за заштита на животната средина, со која можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата и да предизвикаат опасност за животот или здравјето на луѓето, соопштенија Обвинителството и полицијата.

137

Откако избувна огромен пожар на Вардариште во неделата, поради кој повеќе населби останаа без струја, а граѓаните се задушуваа во опасен чад, полицајците и обвинителите вледоа во некогашната депонија и открија нова депонија.

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи попладнево испратија соопштенија дека се уапсени три лица за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад, односно дека тројцата подолго време на локацијата тргувале со метали на диво и создале опасна депонија. Во соопштенијата нема потврда дека тие тројца се виновници за големиот пожар, после кој жителите на Аеродром најавија и почнаа секојдневни протести и блокади.






Фото: Јавно обвинителство

 

„Со координирани дејствија на ОЈО Скопје и на МВР во изминатите 2 дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека 3 лица сториле кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага и предложи на тројцата да им биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото“, соопшти Обвинителството.

Осомничените, подолг временски период, сè до 2.9.2025 година, на улицата Зендел Џемаил бб во Скопје, создале депонија спротивно на прописите за заштита на животната средина, со која можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата и да предизвикаат опасност за животот или здравјето на луѓето, се додава во соопштението.

Фото: МВР

 

„Сите тројца вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади на предметната локација, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење на дејност за управување со отпад која согласно закон ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно обезбедените докази, постои основано сомнение дека осомничените вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпад, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животна средина, со што влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето“, се вели во соопштението од ЈО.

Фото: МВР

 

Скопската полиција информираше дека поднела кривична пријава против 3 лица. Во нивното соопштение, кое е речиси идентично со соопштението од ЈО, се наведени иницијалите на осомничените.

Фото: МВР

 

„СВР Скопје по извршени претреси вчера и денеска на локацијата Вардариште, поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје поради основи на сомнение дека сториле кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад“, соопшти полицијата.

ПОЖАРОТ ВО ВАРДАРИШТЕ Е СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА Се враќа струјата во скопските населби

Поврзани содржини