ЗА ТРЕТИНА ЌЕ СЕ НАМАЛИ МЕТЕЖОТ ВО СКОПЈЕ Интензивно се работи на булеварот „Македонија“, вели Ѓорѓиевски

Со реализација на булеварот „Македонија“ метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, што претставува огромен чекот кон пофункционален, поуреден и поефикасен град. Најдоброто, доаѓа!, изјави градоначалникот на Скопје.

10

Интензивно се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Скопје, булеварот „Македонија”, со кој за првпат во државата се гради и пушта во употреба првата подземна сообраќајница, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, станува збор за стратешки проект што значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за урбана мобилност во главниот град.






– Со неговата реализација, метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, што претставува огромен чекот кон пофункционален, поуреден и поефикасен град. Најдоброто, доаѓа! – изјави градоначалникот.

Поврзани содржини