Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо на Твитер по синоќешните протести во Њујорк за време на кои демонстрантите уништија имот и ограбуваа продавници.
– Њујорк е изгубен поради разбојници, бандити, радикалната левица и сите други форми на џган и ѓубриња, напиша Трамп на својот профил на Твитер, додавајќи дека гувернерот на Њујорк одбил да ја прифати неговата понуда за распоредување на членовите на Националната гарда.
– Градот Њујорк е искинат на парчиња – истакна Трамп во твитот, јави Си Ен Ен.
Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо и градоначалникот Бил де Балзио воведоа полициски час вчера од 11 часот до 5 часот и денеска од 20 часот