ЗА СРЕЌА НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА Играл лото 40 години, на 88 ќарил 600.000 долари

Откако ја прими наградата, Махант за новинарите изјави дека е многу среќен и дека ќе ја подели со своите блиски.

305

На Индиец, кој редовно купувал лотарија повеќе од 35 години, на 88 годишна возраст му се насмевнала среќата.

Махант Дварака Дас од Дерабаси, Пенџаб, ја доби главната премија на оваа индиска држава, што му донесе награда во вредност од околу 611.000 американски долари. Махант ја освоил првата награда на Лотаријата Лохри Макар Санкранти во 2023 година.






Откако ја прими наградата, Махант за новинарите изјави дека е многу среќен и дека ќе ја подели наградата со своите два сина и сопругата.

– Многу сум среќен. Купувам лотарија најмалку 35-40 години. Ќе им ги поделам парите на моите два сина и на мојата Дера – изјави добитникот за новинската агенција АНИ.

Поврзани содржини