ЗА СОРОС КИНЕЗИТЕ СЕ ИСТИ КАКО И НАЦИСТИТЕ Игрите во Пекинг ќе наликуваат на оние од Минхен во 1936 година

Милијаредот изрази надеж дека во догледно време Си ќе биде сменет од врвот на Комунистичката партија на Кина и дека на негово место ќе дојде друг лидер со полиберални ставови.

237

Основачот на Фондацијата за отворено општество, милијардерот Џорџ Сорос повика на смена на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој дури ги спореди претстојните Зимски олимпсиски игри во Пекинг, со Игрите одржани во Минхен во 1936 година, кога власт во Германија беше Нацистичката партија предводена од канцеларот Адолф Хитлер.






– Исто како и Германија во 1936 година, Кина ќе се обиде да го искористи спектаклот за да оствари пропагандна победа за својот систем на контрола – изјави Сорос, кој кинескиот претседател го нарече искрен верник во комунизмот, твдејќи дека негови идоли се Мао Цедунг и Владимир Ленин.

Милијаредот изрази надеж дека во догледно време Си ќе биде сменет од врвот на Комунистичката партија на Кина и дека на негово место ќе дојде друг лидер со полиберални ставови.

 

Поврзани содржини