🎥 ЗА СИТЕ ШТО СЕ ПРАШУВААТ ДАЛИ СУМ ЖИВ ИЛИ МРТОВ – СЀ Е ВО РЕД! Објавена последната видео-порака од Пригожин

Со оглед на тоа дека тој зборува за викендот, снимката треба да се однесува на 19 или 20 август, што е само три или четири дена пред да загине во авионска несреќа што се случи на 23 август, северно од Москва.

3,219

Новообјавена снимка на водачот на Вагнер групата, наводно, го прикажува Евгениј Пригожин во Африка само неколку дена пред Москва да потврди дека тој загинал во авионска несреќа во Русија.

„За оние кои се прашуваат дали сум жив или не, и како сум – сега е викенд, втората половина на август 2023 година, јас сум во Африка“ – вели Пригожин во краткото видео објавено од канал на Телеграм, поврзан со воената група Вагнер.






„За оние кои, според тоа, расправаат како да ме избришат мене или мојот приватен живот, колку заработувам или што било друго – се е во ред“ – додава Пигожин, мавтајќи со раката.


Не е потврдена локацијата или датумот на снимањето на видеото кое е објавено во повеќе релевантни светски медиуми.

На видеото, Пригожин се гледа во возило во движење, облечен во маскирна облека, со капа и часовник на десната рака што одговара на неговиот изглед на видеото објавено на 21 август, а кое, исто така, наводно било снимено во Африка.

Со оглед на тоа дека тој зборува за викендот, снимката треба да се однесува на 19 или 20 август, што е само три или четири дена пред да загине во авионска несреќа што се случи на 23 август, северно од Москва.

Медиумите наведуваат и дека рускиот претседател Владимир Путин, против кого Пригожин започна краткотраен вооружен бунт во јуни, во својата прва реакција на авионската несреќа рече дека шефот на Вагнер пристигнал од Африка ден пред несреќата.

Поврзани содржини