ЗА СИТЕ НАД 18 ГОДИНИ Австрија прва во Европа воведува задолжителна вакцина против ковид

Вчера, 27.000 луѓе протестираа против оваа мерка во главниот град Виена.

786

Австрија од почетокот на февруари ќе воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасни со закана од високи казни, изјави денеска австрискиот канцелар Карл Нехамер. Тој рече дека е свесен за „чувствителноста“ на оваа одлука, што е прва во Европа.

– Како што е предвидено, на почетокот на февруари воведуваме задолжителна вакцинација за оние над 18 години – изјави шефот на Владата за новинарите.






Владата предложи ревидиран план за задолжителна вакцинација, кој сега ќе важи за сите постари лица од 18 години, наместо за 14 години, како што беше првично планирано. Официјалните лица рекоа дека постепеното воведување на планот ќе им даде на луѓето доволно можности да се вакцинираат.

Владата пред речиси два месеца најави дека на почетокот на оваа година ќе воведе општа задолжителна вакцинација. Клучните аспекти на планот остануваат во конечната верзија, за која треба да се расправа во парламентот во четврток на 20 јануари, но официјалните лица рекоа дека консултациите со две опозициски партии покажале дека се потребни промени во некои детали.

Канцеларот Нехамер рече дека постои загриженост околу казнувањето на тинејџерите, па затоа е направена промена и воведена е задолжителна вакцинација од 18-годишна возраст.

Со недели во Парламентот се водат жестоки дебати за планот во земјата каде 78,5 отсто од населението досега се целосно вакцинирани.

Вчера, 27.000 луѓе протестираа против оваа мерка во главниот град Виена.

На почетокот на февруари ќе се воведат контроли, а невакцинираните ќе можат да бидат казнети од 600 до 3.600 евра во случај на повторување на делото.

Поврзани содржини