🎥 ЗА СИТЕ ИМА СТОЛЧЕ ОСВЕН ЗА ВУЧИЌ? Збунето гледаше наоколу на самит во Копенхаген

Бидејќи никој не му пријде на помош, тој се обиде да седне до претседателката Силјановска Давкова, но му беше кажано дека местото е зафатено.

2,429

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, имаше проблем да го најде местото на кое треба да седне, пишува Нова.рс.

На социјалните мрежи кружи видео од српскиот претседател, на кое се гледа како тој влегува во просторијата каде што се одржува самитот, каде што сите присутни се сместени, освен тој. Наместо да седне на своето место, Вучиќ разгледуваше наоколу како да не му е јасно каде треба да седи.






Додека збунето разгледуваше низ просторијата, барајќи некој да му помогне, но бидејќи никој не му пријде на помош, тој се обиде да седне до македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, но лице од протоколот го предупреди дека тоа не е неговото место.

Поврзани содржини