ЗА СИЛНИ КОСКИ И НАМАЛУВАЊЕ НА СТРЕСОТ И ПРИТИСОКОТ Краставиците се идеална храна за пролет и лето
При спомнувањето на краставиците, веројатно коските не ви се прва асоцијација, но верувале или не и за нив се супер. Тоа е зеленчук богат со витамин К, кој ја поддржува густината на коските и не штити од скршеници. Витаминот К овозможува подобра распределба на калциум во телото и игра важна улога во превенцијата од остеопороза.
Како и при секоја друга промена на годишните времиња, така содржината на фрижидерот се менува и со доаѓањето на потоплото време. Сега – на почетокот на мај, кога сме на средината на пролетта – треба да ја замениме тешката храна со полесна која содржи висок процент на вода.
Краставиците дефинитивно се една од тие намирници, а освен што се исклучително вкусни, тие се и многу здрави. Се разбира, станува збор за свежи краставици.
Претпоставуваме дека најчесто ги јадете во салата, но треба да стекнете навика да ги јадете и сами за себе, па дури и како ужина.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.