ЗА ШТО СЛУЖИ МАЛАТА ВРАТИЧКА НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ? Таму ќе најдете необични предмети

На некои машини вратичките излегуваат со мала сила, а кај други може да ви треба шрафцигер со рамна глава за да ги отворите. Но, пред да отворате што било, прочитајте го упатството.

610

Дали некогаш сте се запрашале за што служи малата вратичка на дното од машините за перење? Во неа завршуваат сите мали предмети, како копчиња или монети кои можат да го затнат одводот, а можеби би сакале да ги зачувате. Но, кога веќе се таму, мора да ги извадите за машината да продолжи да работи, пишува 7news.

Значи тоа била тајната? А како се отвора вратичката?






Прво, вооружете се со крпа и кофа за да го фатите вишокот вода што може да истече од одводот додека пристапувате до него.

На некои машини вратичките излегуваат со мала сила, а кај други може да ви треба шрафцигер со рамна глава за да ги отворите. Но, пред да отворате што било, прочитајте го упатството. Го изгубивте? Секогаш можете да го најдете на интернет според моделот на машината.

Поврзани содржини