За шест недели починаа половина милион луѓе од ковид-19

Според универзитетот, на почетокот на пандемијата за ваквите бројки на жртви од ковид-19 требало да минат цели шест месеци, пренесе Си-Ен-Ен.

172

Половина милион луѓе умреле од последиците на коронавирусот во светот само во последните шест недели, покажуваат последните податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.

Според универзитетот, на почетокот на пандемијата за ваквите бројки на жртви од ковид-19 требало да минат цели шест месеци, пренесе Си-Ен-Ен.






Во САД досега умреа 404.218 од коронавирус, а во Бразил над 208.000.

Во Индија и Мексико, според универзитетот во Вашингтон, од инфекцијата на коронавирусот фатален крај имале над 100.000 луѓе, во Велика Британија приближно 90.000, а од синоќа во Франција над 70.000.

Повеќе од 50.000 жртви на ковид-19 се регистрирани уште и во Италија, Русија, Иран и Шпанија.

Стапките на смртност во многу земји во Европа и Северна Америка почнаа нагло да растат во ноември минатата година.

Поврзани содржини