ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО АЕРОДРОМ ПО 3.500 ДЕНАРИ Еднократна помош од Општината
„Во време на финансиска неизвесност и дополнителни трошоци за родителите, реализираме уште една мерка со која директно се помага на семејниот буџет“ – велат од Општина Аеродром.
Општина Аеродром доделува еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое запишано прваче во училиштата на нејзината територија – информира Општината.
„Во време на финансиска неизвесност и дополнителни трошоци за родителите, реализираме уште една мерка со која директно се помага на семејниот буџет и ги мотивира најмладите за успешен почеток на учебната година. Продолжува успешно воспоставената практика и во тек е пријавувањето за доделување еднократна парична помош во износ од 3.500 денари, наменета за секое запишано прваче во училиштата на територија на Општина Аеродром“ – се вели во информацијата од Општина Аеродром.
Рокот за пријавување трае до 29 септември, а родителите на првачињата можат да ги преземат документите на овој линк или директно во просториите на Општината.