ЗА СЕКОЈ ДЕН ОД 2021 ГОДИНА ПО ЕДЕН НОВИНАР ЗАД РЕШЕТКИ 365 новинари во затвор, најмногу во Кина и во Турција

„Светот треба да се разбуди поради зголеменото кршење на правата на новинарите и медиумските слободи глобално“, изјави генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари, Ентони Беленгер.

281

Слободата на медиумите, меѓу другото, беше цел на напади низ светот во 2021 година, се наведува во новиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), објавен денеска.

ИФЈ наведува дека во текот на 2021 година, вкупно 365 новинари се нашле зад решетки, во споредба со 235 претходната година.






– Светот треба да се разбуди поради зголеменото кршење на правата на новинарите и медиумските слободи глобално – изјави генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беленгер.

Извештајот е објавен во пресрет на одбележувањето на Денот на човековите права.

Во затвор се наоѓаат 102 новинари во Кина, 34 во Турција, 29 во Белорусија и Еритреја, 27 во Египет и 21 во Виетнам.

Беленгер истакна дека нападите врз новинарите влијаеле врз целото општество.

– Тие укажуваат и на кршење на основното право на луѓето да пристапат до точни, објективни и веродостојни информации за да можат да направат правилен избор за јавните работи – посочи тој.

На три недели до крајот на годината, вкупниот број на загинати новинари на должност треба да биде помал, бидејќи досега 45 новинари го загубиле животот додека известувале, наспроти вкупно 65 лани. Девет новинари се убиени во Авганистан додека известувале, 8 во Мексико, 4 во Индија и 3 во Пакистан.

Поврзани содржини