ЗА САМО ЕДЕН ДЕН РАЗРЕШУВАЛЕ „НЕПОДОБНИ СУДИИ“ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Судскиот совет работел по директиви на Заев и на Ахмети

Еден таков случај, според ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катавеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува. Во телевизиско гостување, Катавеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДСМ и ДУИ.

105

Власта на СДСМ целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк, обвини денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-По насока на СДСМ и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се разрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола – велат од партијата.






Еден таков случај, според ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катавеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува. Во телевизиско гостување, Катавеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДСМ и ДУИ.

-Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати. Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети – појаснија од партијата.

Оттаму додаваат и дека нивното тврдење во изминатите години дека СДСМ и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, се потврдува со јавни сведоштва.

– СДСМ и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини