За разлика од Бугарија, во Македонија власта за преговорите меѓу Скопје и Софија ништо не ѝ кажува на опозицијата!

„Како е возможно во Бугарија претседателката на опозициската партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести? Никој не нѐ информирал за ништо!“, изјави Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

282

Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија. Како е возможно во Бугарија и Каракачанов и Захариева и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава? Како е возможно во Бугарија претседателката на опозициската партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести? Никој не нѐ информирал за ништо!

Ова утрово, во емисијата „Студио 10“ во Телевизија 24, го изјави потпретседатаелот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание, Александар Николоски.






Тој смета дека на проблемот со Бугарија политичарите му пристапуваат инфериорно, но за да се решат треба повеќе храброст, но и средување на проблемите внатре во државата за да се зголеми притисокот кон Софија.

Николоски рече дека ако гледаме краткорочно, за жал, нема да ја добиеме оваа битка со Бугарија.

– Мислам дека на долг рок можеме да ја добиеме, но треба повеќе храброст, средување на домашните работи и добар лобинг надвор – изјави тој.

Поврзани содржини