ЗА ПРВПАТ ЗАНАЕТЧИИТЕ ЌЕ ИМААТ ПРЕТСТАВНИК КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ Занаетите се темел на културниот идентитет, порача Ѓорѓиевски

Занаетчиите конечно ќе имаат вистински партнер во Градот Скопје. Ќе имаат свој претставник, мој советник, избран од нив, кој по систем на ротација ќе се менува секоја година и ќе биде во постојана комуникација со Чаршијата и со сите мајстори на својата уметност, објави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

32

Денеска, заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски и носителот на листата на советници во општина Чаир, Никола Трајановски, одржавме исклучително значајна средба со Занаетчиската комора на Скопје и чаршискиот еснаф, објави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Занаетчиите се живата историја на нашиот град, луѓе кои со златни раце и неисцрпно знаење создаваат традиција што се пренесува од генерација на генерација. Нивниот труд е темел на културниот идентитет на Скопје и затоа нашата должност е тоа богатство да го пренесеме и на младите. Токму затоа најавувам дека занаетчиите конечно ќе имаат вистински партнер во Градот Скопје. Ќе имаат свој претставник, мој советник, избран од нив, кој по систем на ротација ќе се менува секоја година и ќе биде во постојана комуникација со Чаршијата и со сите мајстори на својата уметност“, објави Ѓорѓиевски.






Знам дека досега таква соработка со Градот Скопје немало, но во мене секогаш ќе имаат поддржувач и сојузник, додаде тој.

„Заедно ќе ја заживееме Чаршијата, ќе им дадеме нова сила на занаетите и ќе направиме Скопје повторно да биде горд град – град на традицијата, културата и иднината“, порача Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини