ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА ДОЛАРОТ Потписот на актуелниот шеф на САД ќе стои на банкнотите

Потписот на актуелен претседател за првпат ќе стои на американските пари. Министерот Скот Бесент ја објасни одлуката како признание за „историските достигнувања“ на Трамп.

774

Американското Министерство за финансии објави дека потписот на Доналд Трамп ќе стои на новите доларски банкноти. За првпат во историјата име на актуелен претседател се појавува на книжни пари.

Првите банкноти од 100 долари со новиот потпис ќе се печатат во јуни. Потоа ќе следуваат и другите апоени. Досегашната пракса налагаше на парите да стои само потпис на министерот за финансии.






Министерот Скот Бесент ја објасни одлуката како признание за „историските достигнувања“ на Трамп. Потегот доаѓа во време кога се засилуваат симболичките потези поврзани со неговото враќање во Белата куќа.

Во јавноста во САД веќе се отвори дебата. Дел ја поздравува одлуката. Дел предупредува дека ваквите чекори можат да создадат култ на личноста.

Поврзани содржини