За првпат по 90 години Норвешка има 10 отсто невработеност
Агенцијата за труд и социјала во Норвешка соопшти дека регистрираната невработеност во моментов изнесува 10.9 проценти.
Стапката на невработеност во Норвешка се зголеми за петпати овој месец, па сегашниот процент на невработени во оваа земја изнесува 10 отсто, пишува „Ројтерс“.
Како што е наведено во текстот, ваквиот пораст на невработеноста во Норвешка е на највисоко ниво дури од 1930 година, а причина за таквата состојба е борбата против коронавирусот која ги натера компаниите масовно да ги отпуштаат своите вработени.
Десетици илјади отпуштања на работни места се најавуваат секојдневно, иако голем дел од отпуштањата се очекува да бидат привремени.
Агенцијата за труд и социјала во Норвешка соопшти дека регистрираната невработеност во моментов изнесува 10.9 проценти.