ЗА ПРВПАТ МИКРОБРАНОВА АБЛАЦИЈА НА ТИРОИДА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ Минимално инвазивна процедура која значително го подобрува животот на пациентите

Во објавата се вели дека „оваа метода, заедно со етанолската аблација, ќе биде дел од минимално инвазивните процедури за третман на тироидни нодули во ГОБ „8 Септември“ и дека процедурата значително го подобрува квалитетот на животот на пациентите.

407

На 30 мај, петок, за првпат беше извршена микробрановата аблација (MWA) на тироидна жлезда во болницата „8 септември“ во Скопје, објави на својот Фејсбук профил Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување.

Клековски му честиташе на тимот на болницата. Интервенцијата беше извршена од одделот за интервентна радиологија, под прокторство на проф. Булент Чекич од Анталија, Турција.






„На четирите интервенции претходеа работилница и обука, означувајќи значаен напредок во третманот на тироидни заболувања во Македонија, земја со висока преваленца на овие состојби“, напиша Клековски  наведе детали за процедураата МWA која е, како што се вели, минимално инвазивна техника со повеќе предности:

• Без хирургија: Не бара општа анестезија и не остава лузни.
• Брзо закрепнување: Се изведува во дневна болница, а пациентите се отпуштаат по неколку часа.
• Зачувување на тироидната функција: Здравиот дел од жлездата останува недопрен, намалувајќи ја потребата од доживотна хормонска терапија.

Во објавата се вели дека „оваа метода, заедно со етанолската аблација, ќе биде дел од минимално инвазивните процедури за третман на тироидни нодули во ГОБ „8 Септември“.

Клековски потсетува дека воведувањето на MWA е значајно за подобрување на ефикасноста на здравствениот систем и квалитетот на живот на пациентите.

 

Поврзани содржини