ЗА ПРВПАТ ИЗВРШЕНА СТЕРЕОТАКТИЧКА БИОПСИЈА НА МОЗОК НА НЕВРОХИРУРГИЈА На сложениот зафат му претходеле подготовки со експерти од Бразил

За да се дојде до овој резултат, претходеле подготовки со тим на експерти од Бразил, велат од Клиниката за неврохирургија.

124

На Клиниката за неврохирургија првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy).

– Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните здравствени установи, преку воведување нови методи. Станува збор за минимално инвазивна постапка која се изведува со помош на рамка што се поставува врз главата на пациентот. Потоа, со помош на посебни тридимензионални пресметувања се планира точната локација на интервенцијата во внатрешноста на главата и се зема материјал за анализа – вели министерот за здравство Алиу.






За да се дојде до овој резултат, претходеле подготовки со тим на експерти од Бразил, предводени од проф. Маноел Јакобсен Теишеира од Универзитетот Сао Паоло, како и инженерот Антонио Мартос Калво.

Во тимот што ја изведе оваа значајна интервенција се: д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог).

– Посебна благодарност до тимот од неврохируршките сали и од одделот за континуираната подршка во тек на работниот процес, како и до Клиниката за радиологија за безрезервната и трпеливата подршка во процесот на организација на работниот процес. Оваа постапка нуди во иднина исклучителни можности за развој на функционалната неврохирургија и лекувањето на разните невро-дегенеративни заболувања, поради кои нашите пациенти согласно досегашната пракса се упатува на лекување во странство – појаснува директорот на Клиниката за неврохирургија, кој е дел од тимот, д-р Љуљзим Агаи.

Поврзани содржини