📽️ ЗА ПРВПАТ ИТАЛИЈАНЕЦ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН „Мојата кариера штотуку започна“

Ви благодарам, но мојата кариера штотуку започна. Ќе бидам тука долго време. Не се зборуваше многу за тоа пред овој натпревар, но никогаш не сум бил во оваа позиција, изјави италијанскиот ас откривајќи дека е задоволен што добро сервирал во последниот гем.

1,057

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.

Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.






Но, ова е и првпат Италијанец да го освои Вимблдон.

– Ви благодарам, но мојата кариера штотуку започна. Ќе бидам тука долго време. Не се зборуваше многу за тоа пред овој натпревар, но никогаш не сум бил во оваа позиција. Остварувањето на мојот сон е освојувањето на овој трофеј. Моментално ги живеам моите соништа – вели Синер и открива дека во последниот гем сервирал добро.

 

– Сервирав добро во последниот гем, па затоа сум многу среќен. Понекогаш е многу тешко во пет сета, и ја задржав смиреноста, па сега стојам тука.

Неговиот соперник Алкараз му посака успех. Шпанецот кажа како се чувствува по поразот:

– Беше тешко да се изгуби, како и секогаш. Знам дека е финале, но уште еднаш сакам да му честитам на Јаник, имаше неверојатни две недели. Го заслужи овој трофеј, играше одличен тенис, честитки и до твојот тим. Знам дека многумина од твоето семејство дојдоа да навиваат, среќен сум за тебе и само продолжи така. Имаш можност повторно да бидеш добар и надвор од теренот. Нашето соперништво расте и се надевам дека има уште многу вакви натпревари пред нас.
Поврзани содржини