За прв пат се огласи новоизбраниот патријарх на СПЦ (ВИДЕО)

Новоизбраниот српски патријарх Порфириј беше избран за 46. поглавар на Српската православна црква на денешниот Изборен совет, што се одржа во криптата на Храмот Свети Сава во Врачар.

875

Патријархот Порфириј прв пат им се обрати на верниците откако ја презеде функцијата поглавар на Српската православна црква.

– Денес, повикувајќи се на благословот Божји на сите браќа и сестри, деца и на нашите светосавски цркви и на сите луѓе со добра волја и целиот свет, ги замолувам сите да се молат на Бога за мојата маленкост за заедно да го следиме патот како нашите свети предци можеби и да сме достојни за небесното царство – рече Порфириј во своето прво обраќање.






Собранието на Српската православна црква го избра митрополитот загрепско-љубљански Порфириј за 46. Српски патријарх.

Замонашен во Високи Дечани во 1985 година, Порфирије е избран за митрополит на Загреб и Љубљана во мај 2014 година, и оттогаш се бори за подобрување на положбата на Србите во Хрватска и другите земји во регионот.

– Станав монах затоа што во Црквата барав што навистина нуди и зошто постоиме само на овој свет, затоа што Бог не е ниту Хрват, ниту Србин, ниту Германец – тој е љубов, а Црквата не е во овој свет за да бидеме подобри луѓе, или да се справиме со социјалната правда – таа постои затоа што нема човек што не прашува за значењето на своето постоење – рече митрополитот Порфириј во 2017 година.

Патријархот Порфириј се смета за личност со умерени ставови, која негува лични пријателства со свештеници и претставници на сите верски заедници.

– Ги поздравувам сите католици, протестанти, сите христијани, браќа од друга вера, ги поздравувам и атеистите и агностиците. Јас секогаш ќе бидам искрено подготвен за дијалог со сите луѓе, а дијалогот, простувањето и помирувањето ќе бидат принципите што ќе се обидам да ги применам во пракса – рече тој во катедралата во Загреб во 2014 година.

Набргу откако стана на чело на Загрепско-љубљанска митрополија, а во интервју за РТС во 2015 година, тој рече дека српскиот народ во Хрватска живее во страв.

И поради настаните од 90-тите години на минатиот век, и затоа што, како што рече, поединци во хрватските политички кругови од време на време користат реторика што потсетува на реторика од минатото, па луѓето се чувствуваат уште понесигурни.

– Тој страв е длабоко вкоренет во постоењето на нашиот народ таму и затоа е многу важно дијалогот меѓу Хрватска и Србија да биде што е можно поинтензивен и многу проблеми барем да почнат да се решаваат – рече митрополитот Порфириј.

Својата улога во црквата во такво опкружување тој ја гледаше во охрабрувањето и поддршката на српскиот народ, но исто така, како што истакна, да го подигне чувството на достоинство и самосвест кај српскиот народ.

Новоизбраниот српски патријарх Порфириј беше избран за 46. поглавар на Српската православна црква на денешниот Изборен совет, што се одржа во криптата на Храмот Свети Сава во Врачар.

Устоличувањето на новиот српски патријарх ќе се одржи утре во Соборната црква во Белград.

Поврзани содржини