ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ ОД 50 ГОДИНИ Во Италија е задолжителна вакцинацијата

Мерката ќе биде на сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители над 50 години, вклучително и за странските државјани.

436

Во Италија стапи на сила задолжителната вакцинација против коронавирус на граѓаните над 50 години. Оние кои не биле вакцинирани, тоа може да го сторат до крајот на јануари.

Од 1 февруари со 100 евра ќе се казнуваат оние кои не биле вакцинирани, односно не примиле втора или бустер доза и покрај можноста да го сторат тоа.

Мерката ќе биде на сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители над 50 години, вклучително и за странските државјани.

Од 15 февруари оваа возрасна група ќе треба на работното место да покаже потврда за вакцинација или за прележан ковид-19, а без тој сертификат ќе бидат принудени да работат од далечина.

Вработените помлади од 50 години може да покажат негативен тест за коронавирус. Оние кои ќе ги прекршат мерките се соочуваат со казни од 600 до 1.500 евра.

 

Поврзани содржини