ЗА ПОПЛАДНЕ Е НАЈАВЕН ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Затворени ќе бидат улиците од Собрание до Влада

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

1,101

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 15 до 17 часот, поради одржување на протестен марш од страна на Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, воведен ќе биде посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје.

„СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, наведено е во соопштението.






Протестниот марш ќе започне пред Собранието на Република Македонија, а ќе заврши пред Владата.

„Дали некогаш сте се обиделе да влезете во чевлите на другите, да влезете во нивната кожа и да искусите еден ден од нивниот живот? Време е да бидеме прифатени онакви какви сме, различни и посебни. Време е да се вклучиме во општеството рамноправни и еднакви. Време е заедно да се соочиме со предизвиците и заедно да ги најдеме решенијата. Време е да се обединиме во заеднички интереси и во интерес на сите следни генерации“, порачуваат од Коалицијата Менуваме.

Протестниот марш ќе се одржи под слоганот „И ние сме деца на Македонија“.

Поврзани содржини