За помалку од 20 долари преспијте во „станот“ од серијата „Пријатели“

Иако сцените биле снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата во која живееја познатите „Пријатели“ се наоѓа во Њујорк.

194

Кусо по официјалниот датум на објавување на новата епизода на „Пријатели“ (27 мај), Booking.com понуди уникатно искуство – за помалку од 20 американски долари може да престојувате во њујоршката реплика на станот и просториите каде што се снимаше една од најпознатите американски хумористични серии денес.

И, иако сцените биле снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата во која живееја познатите „Пријатели“ се наоѓа во Њујорк.






Во хотелот „The Friends Experience“ во населбата Грамерси, во њујоршката општина Менхетн, на заинтересираните им се нуди ноќ за 19,94 долари (оти серијата почна да се емитува во 1994 година). Всушност, „Искуство со Пријатели“ е двокатен простор во којшто посетителите имаат на располагање 18 соби со оригинални реквизити и костими, како и сценографијата од серијата.

За посетителите се организира посебна вечера, а наутро тие можат да седат и на култниот портокалов тросед, со кафе и колачи, во кафуле што изгледа токму како „Централ парк“. Можно е и да се резервира престој од најмногу две ноќи. Резервации, на пример, може да се направат на 21 мај за престој во апартманите во недела на 23 мај или во понеделник на 24 мај. Инаку, хотелите кои имаат свое претставништво и во Чикаго, се отворени преку целата година.

Поврзани содржини