За поголема заштита, втората доза од вакцината на АстраЗенека треба да се прими на подолг интервал

Треба да се напомене дека ова е истражување кое е испратено на преглед и сè уште не го поминало прегледот на експерти.

436

Според најновата студија, вакцината на„АстраЗенека“ обезбедува поголема заштита доколку за некое време се одложи примањето на втората доза.

Имено, се чини дека заштитата по првата доза трае неколку месеци и дека приемот на втората доза 12 недели по првата го зголемува нивото на заштита од инфекција со ковид-19, пишува „Science Alert“.






Студија наречена „Single Dose Administration, And The Influence Of The Timing Of The Booster Dose On Immunogenicity and Efficacy Of ChAdOx1 nCoV-19 (AZD1222) Vaccine“ покажа дека ефективноста на вакцината по втората доза е само 55 проценти ако интервалот помеѓу дозите е пократок од шест недели, но таа беше 81 процент ако интервалот е по 12 или повеќе недели.

Ефикасност на првата доза

Истражувачите, исто така, ја разгледаа ефикасноста на единечна инјекција на „АстраЗенека“. Откриле дека првата доза на оваа вакцина е ефективна 76% и дека нема индикации за намалување на ефикасноста 90 дена по првата инјекција, што значи дека првата доза треба да биде доволна заштита се додека не се добие втората доза 12 недели подоцна.

Треба да се напомене дека ова е истражување кое е испратено на преглед и сè уште не го поминало прегледот на експерти.

Поврзани содржини