ЗА ПОЕФИКАСНА БИТКА СО ПОЖАРИТЕ Кондовски најавува современа противпожарна заштита во Битола

Истиот ќе биде изграден по најсовремени стандарди и ќе ги исполнува сите потребни услови за непречено функционирање на единицата. Предвидени се и нови 15 вработувања на пожарникари, рече Кондовски.

149

Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови, истакна кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.

– На тоа не обврзува и традицијата. Битолската противпожарна станица е формирана во 1836 година. Првиот противпожарен одред во градот е и прв на Балканот во тоа време. Битолската станица е значаен регионален противпожарен центар – вели Кондовски.






Со цел да го да го зачува тој епитет потребни се нови и сериозни инвестиции, Кондовски најавуви изградба на нов современ објект за противпожарна заштита кој ќе биде лоциран во комплексот на АРМ.

– Истиот ќе биде изграден по најсовремени стандарди и ќе ги исполнува сите потребни услови за непречено функционирање на единицата. Предвидени се и нови 15 вработувања на пожарникари – рече Кондовски.

Тој потенцираше дополнително, комплетно ќе се обнови опремата на пожарникарите. Ќе се набават нови противпожарни возила за новата, но и за актуелната противпожарна единица.

– Финансирањето на овој проект ќе биде преку општината, централната власт, невладини организации и фондации и странски проекти. За оваа цел општината по брза постапка ќе ја реализира целосната документација во согласно со ГУП и ДУП – посочи Кондовски.

Поврзани содржини