ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ КОЛКУ ЗА ЕДЕН АВТОМОБИЛ За 6 месеци за патни трошоци пратениците потрошиле 20.000 евра

Левица потсетува дека доставила предлог пратеничките патни трошоци да се изедначат со вредноста на автобуските билети, но нивниот предлог не беше прифатен.

541

Од март до август 2022 година на пратениците во Собранието им се исплатени 11.745.825 денари за патни трошоци, соопшти партиајта Левица.

Додека народот поминува низ криза која ги загрозува семејствата и животите на луѓето, високата политичарска класа продолжува да ги негува сопствените привилегии! Пратениците од сите парламентарни партии, освен Левица, ја продолжуваат праксата на привилегирано и криминално однесување во сопствена корист, по цена да им се наштети на граѓаните“ – се вели во соопштението на Левица.






Партијата потсетува дека доставила предлог пратеничките патни трошоци да се изедначат со вредноста на автобуските карти, како и за реформа на структурата и намалување на цените на патарините, но мнозинството не дало поддршка и за нив.

Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, во овој период како и претходно, немаат наплатено патните трошоци по оваа основа, се вели во соопштението на партијата.

Поврзани содржини