ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ХЕМОФИЛИЈА ОБЕЗБЕДЕНА Е ТЕРАПИЈА Донирани се 1,2 милиони единици фактор 8

0

Обезбедени 1,2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари, соопштија денеска министерот за здравство, Сашо Клековски и директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на прес конференција.

– Со координирани напори со Институтот за трансфузиона медицина, МАЛМЕД и Институтот за јавно здравје, го разрешивме овој проблем кој досега беше заглавен во административни процедури и ја обезбедивме оваа донација. Факторот набрзо ќе биде достапен за пациентите и значително ќе ја подобри состојбата на оваа категорија пациенти – посочи министерот Клековски.






Тој се заблагодари до здружението Хемолог за континуираниот придонес кон унапредување на третманот на пациентите со хемофилија, и додаде дека се прават напори пациентите со хемофилија да добијат регистар, како што се евидентираат пациентите со дијабетес и со ретки болести.

Директорот Елези потенцираше дека сите пациенти со хемофилија се обезбедени со потребната терапија, а овие единици се наменети за пациенти кои имаат потреба од елективни хируршки интервенции.

Поврзани содржини