📷 🎥 ЗА ОВАА СЦЕНА ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ Доналд Трамп доживеа непријатен момент кога се обиде да ја бакне Меланија

Веднаш по церемонијата, Трамп пријде да ја бакне Меланија, но тоа беше практично невозможно поради ширината на работ на нејзината капа.

1,396

Американскиот претседател Доналд Трамп ја започна церемонијата за неговата историска втора инаугурација со сопругата Меланија, синот Барон и семејството на црковна служба, само неколку часа пред давањето заклетва, а веднаш потоа се упатија кон Белата куќа.

Откако пристигнаа и ги поздравија поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, следеше церемонија на која новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп положи заклетва. По влегувањето, Трамп очекувано доби аплауз, по што следеше симпатична ситуација со неговата поубава половина Меланија.

 






Веднаш по церемонијата, Трамп пријде да ја бакне Меланија, но тоа беше практично невозможно поради ширината на работ на нејзината капа. Поради ова, тој ја бакна „во воздух“, но и двајцата, како и сите присутни, со насмевка ја испратија оваа ситуација. Меланија расположена се смееше.


За потсетување, Доналд Трамп денеска точно во 12 часот (18 часот по локално време) беше избран за 47. претседател на САД, што ќе биде негов втор мандат.

 

Поврзани содржини